Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез соопшти среќни вести за навивачите, затоа што конечно пронашол пари за долгонајавуваната реконструкција на „Сантијаго Бернабеу“.
„Кралевите“ имаат план да го направат модерен „Бернабеу“, а денеска клубот добил дозвола од американските банки „Мерил Линч“ и „Џеј Пи Морган“ за кредит од 575 милиони евра, кои би биле доволни за реконструкција.
Уште во октомври минатата година беше најавено дека „Џеј Пи Морган“ ќе му даде одредена сума на пари за „кралскиот клуб“, а тоа го покажа и потегот на генералниот директор Џејмс Дајмон, кој го посетил Перез и разговарале за целиот проект.
Реал Мадрид доби многу поволности со кредитот, па истиот ќе може да го отплаќа во наредните 30 години, а годишната рата ќе им биде 25 милиони евра.
El Real Madrid ya ha elegido los dos bancos que van a financiar la remodelación del Santiago Bernabéu https://t.co/4Q75iZvEZv
— El Confidencial (@elconfidencial) February 14, 2019