До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Рома Алесандро Флоренци ќе биде многу баран во текот на летниот преоден рок.
Причина за тоа покрај одличните игри ќе биде и фактот што Рома мора да ги обезбеди обврските кон финансискиот фер плеј па ќе мора да продаде некој од своите најдобри фудбалери.
„Кориере дело спорт“ пишува дека за Флоренци заинтересирани се Манчестер Јунајтед и Барселона кои ќе се обидат да го донесат италијанскиот репрезентативец во своите редови уште на почетокот на преодниот рок.
26 годишниот Флоренци игра во средината на теренот, а може да помогне и на десната страна како крилен фудбалер но и како офанзивен десен бек.















