Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Хрватска денес се слави историскиот пласман на фудбалската репрезентација на Светското првенство во Русија.
Хрватите предводени од Златко Далиќ стигнаа до сребрениот медал на најголемата фудбалска смотра, а денес сосема заслужено беа пречекани од над 500.000 сограѓани во Загреб.
Автобусот кој ги носеше фудбалерите од аеродромот до плоштадот во Загреб патуваше над шест часа, а на него цело време имаше прекрасна атмосфера. На стотина метри пред плоштадот, се случи интересен момент.
Имено, Домагој Вида беше качен високо и прославуваше со фановите околу, додека Далиќ го држеше за да не падне. Оваа фотографија веднаш ја обиколи цела Хрватска.