(Фото) Весникот „The Sun“ се посрамоти поради Билиќ


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Еден од најпопуларните британски медиуми, „Тhe Sun“ дојде во центарот на вниманието во Хрватска.

    Весникот кој дневно има 1,8 милиони посети направи голем гаф претставувајќи го Славен Билиќ како Србин, а оваа грешка е изненадување бидејќи хрватскиот стратег го води Вест Хем уште од минатото лето.

    „Србинот од своите играчи бара да ја покажат својата борбенот на теренот“, напиша „The Sun“ за хрватскиот менаџер пред натпреварот против Челси во Лига Купот.

    Билиќ е добро познато име во Англија. Освен тоа што го води Вест Хем, во јавноста на Англија е запаметен и кога беше селектор на Хрватска, победувајќи ја Англија на „Вембли“. Исто така, Билиќ беше и играч во Премиер лигата.