Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Екипата на Челси во последните пет натрепвари едноставно е брилијантна, а најзаслужен за напредокот на „Сините“ e Aнтонио Конте.
Одличниот италијански менаџер по тешкиот пораз од Арсенал (3:0) во рамките на 6. коло од Премиер лигата одлучи да ја промени формацијата од 4-2-3-1 во 3-4-3, што се покажа како одличен потег.
Од тој момент, Челси ги победи сите противници во последните пет натпревари со импресивна гол разлика од 16:0.
Доколку тимот од „Стемфорд Бриџ“ продолжи да игра вака, многу лесно би можело да стане најголем фаворит за освојување на титулата. Во моментов од првото место се оддалечени само на еден бод, а пред нив е само Ливерпул, кој исто така воодушевува во последно време.
Што Конте конкретно промени од 6. до 11. коло најдобро ќе ви покаже овој графички приказ од натпреварот против Арсенал до натпреварот против Евертон.