Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Завршена е групната фаза од Лигата на Шампионите. Познати се и паровите во осмина финалето, а меѓу најдобрите 16 екипи се Арсенал, Наполи, Барселона, Атлетико Мадрид, Монако, Борусија Дортмунд, Лестер, Јувентус, ПСЖ, Бенфика, Манчестер Сити, Баерн, Баер Леверкузен, Реал Мадрид, Порто и Севиља.
Почитуваниот портал „Squawka“ направи интересен избор – составот од 11 најлоши играчи кои сепак со своите клубови обезбедија пласман во осмина финалето во ЛШ.
На голот е Клаудио Браво, голманот кој ова лето пристигна во Манчестер Сити од Барселона. Во последната линија е неговиот соиграч Гаел Клиши, а тука уште се и Андреа Раги, Раул Албиол и Луис Хернандез.
Грегорш Криховјак од ПСЖ го предводи средниот ред, каде што уште се Јоргињо од Наполи и Стефано Стураро од Јувентус.
Откритието од минатата сезона во Премиер лигата, Џејми Варди исто така се пронајде во овој состав, а во нападот е со Костас Митроглу од Бенфика и Хавиер Ернандез од Баер Леверкузен