ФОТО на денот: Реал Мадрид е надгледуван од „духови“, ВАР собата празна…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Социјалните мрежи експлодираа. Притивниците на мадридски Реал повеќе во шега отколку сериозно – почнаа да ги контролираат теориите на заговор по кои деталот од мечот против Валјадолид е ултимативен доказ дека Кралскиот клуб е миленик на судиите. На стадионот „Хозе Зорија“ е поништен погодокот за домашниот тим и потоа судијата Хил се консултираше со духови?!

Хил имено побара помош од видео технологијата за да види дали погодокот на Серџи Гвардиола беше во офсајд, но кога камерата од ТВ станицата која го работеше директниот пренос на мечот ја прикажа ВАР собата – никој никаде.

Светот се смееше, духовити беа шегите. Дури подоцна стигна објаснување, дека е прикажана погрешна ВАР соба, од некој претходен дуел. Грешка на ТВ станицата, не на Ла Лига. Љубителите на теоријата на завера веројатно нема да го прифатат понудениот одговор.