Франција со звукот на сирената извлече реми против Германија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вечерва во Берлин одличен натпревар одиграа репрезентациите на Германија и Франција во натпревар кој одлучуваше за првата позиција во Групата А.

Германија подобро ја отвори средбата и на самиот старт имаше позитива од 2:0, разлика која ја одржуваше во следните десет минути. Потоа Франција израмни на 5:5, а потоа со уште една серија од 2:0, Германија повторно се одлепи. На пауза се замина со 12:10 за Германија во полувреме со многу малку погодоци.

Сепак, на самиот старт Французите додадоа гас и брзо успеаја да ја анулираат предноста на домашната селекција (13:13) и од тој момент па се до самиот крај на натпреварот се играше гол за гол.

Во „инфаркт завршницата“ Франција на три секунди до крајот преку Нгесан успеа да избегне пораз и да остане во игра за првата позиција во групата.