Фудбалер на Барселона посочи дека вратата за Нејмар секогаш е отворена


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Младиот фудбалер на Барселона, Карлес Алења истакна дека вратата за враќање на Нејмар на „Камп Ноу“ секогаш ќе биде отворена.

Бразилецот си замина од Барселона во 2017 година кога за рекордна сума од 197 милиони фунти се реши да го облече дресот на ПСЖ.

Сепак, во јавноста веќе се шпекулира дека Нејмар би можел да се врати во Шпанија, а Реал Мадрид и Барселона се тимовите кои се поврзуваат со негов шокантен трансфер.

„Тој е еден од најдобрите играчи на светот, а овој клуб секогаш ги остава вратите отворени за ваквите играчи. Секако дека сакаме да се врати во клубот, тој значително ќе го подобри нашиот тим и нашите резултати“- коментираше Алења за „Еспортс Коуп“.