Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалерите кои играат во големите европски клубови се често мета на различни криминални и крадци, посебно тие од најсиромашните делови од планетата, а страшна вест стигнува од Нигерија.
Мајката на фудбалерот на Бордо, Самуел Калу била киднапирана во Нигерија, соопштија нигериските медиуми.
Киднаперите веднаш поставиле висока цена за откуп, која секој ден расте, а во моментов изнесува дури 140.000 долари.
Се поставува прашањето дали клубот ќе реагира и ќе му помогне на својот фудбалер, кој најверојатно нема да настапи во мечот против Монпелје.
Полицијата во моментов работи на расветлување на случајот, но малкумина очекуваат дека тие навистина ќе му помогнат на нигерискиот фудбалер.