Фудбалер на Евертон се сели во Кардиф и отвори место на „Гудисон“ за напаѓачот на Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Евертон, Оумар Ниасе следните шест месеци ќе ги помине како позајмен фудбалер во редовите на Кардиф.

Извршниот директор на Кардиф, Кен Чо, потврди дека Ниасе ќе пристигне во клубот и се очекува во Велс во текот на денешниот ден каде ќе ги помине медицинските прегледи.

Со заминувањето на Ниасе се отвори место во Евертон за пристигнување на напаѓачот на Челси кој не се снајде баш најдобро во Валенсија во првиот дел од сезоната, Мичи Батсуаи.