Фудбалер на италијански нисколигаш мајсторски „ножички“ се кандидираше за наградата „Пушкаш“ (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалер на италијанскиот нисколигаш Специја, Лука Мора би можел да ја освои наградата „Ференц Пушкаш“ за 2019 година, која се доделува на фудбалер кој го постигнал најубавиот гол во една календарска година.

Во четвртата минута од мечот против Хелас Верона, Мора со вистинска мајсторија и неверојатни „ножички“ ја затресе мрежата на своите противници.

Топката бегаше од голот, леташе високо и падна на работ на казнениот простор на Верона. Мора реши да си ја проба среќата и топката по чудна траекторија заврши во мрежата, па така ги „фрли“ навивачите во транс.