Фудбалер на Кристал Палас гледаше во шорцевите на голманот (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристал Палас вчера во одличен меч го изненади Лестер сити на „Кинг пауер“ и славеше со убедливи 4-1, па така ја продолжи лошата серија на „Лисиците“.

Вилфрид Заха покажа уште еднаш зошто привлекува интерес од европските гиганти, откако постигна хет-трик на гостувањето.

Сепак, во центар на внимание беше една ситуација, која стана хит во медиумите и социјалните мрежи, а станува збор за дефанзивецот Томкинс и голманот Висенте Гуаита.

Чуварот на мрежата имаше некаков проблем со својата опрема, а дефанзивецот сакаше да му помогне, но фотографите направија урнебесна фотографија, на која Томкинс гледа во шорцевите на голманот. „Незгодната“ цена предизвика многу внимание, како и смешни коментари.