Фудбалер на Манчестер Сити се пресели во Шалке 04


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Младиот и талентиран фудбалер на Манчестер Сити, Раби Матондо се пресели во редовите на Шалке 04.

Од германскиот клуб на „Граѓаните“ ќе треба да му исплатат над десет милиони фунти за неговите услуги.

Матондо настапува на десната крилна позиција, а во у23 тимот на Манчестер Сити оваа сезона на 11 настапи постигнал шест погодоци на кои придодал и четири асистенции.

18 годишниот фудбалер денес и утре ќе тренира одвоено, а потоа ќе му се приклучи на првиот тим на Шалке 04.

Младиот фудбалер има и деби настап за сениорската репрезентација на Велс на натпреварот против Албанија.