Фудбалер на Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со клубот


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џејмс Гарнер потпиша нов повеќегодишен договор со клубот.

Играчот кој вчера наполни 18 години и кој го имаше своето деби за првиот тим на „ѓаволите“ пред околу еден месец ќе остане на „Олд Трафорд“ до 2022 година.

Оле Гунар Солскјер го спореди младиот Гарнер со Мајкл Керик кој остави длабока трага во Манчестер Јунајтед и истакна дека се надева дека Гарнер ќе ги следи неговите стапки во иднина.