Фудбалер на Јувентус одбил богата понуда од Јунајтед за да замине во Катар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мехди Бенатија ќе си замине од Јувентус, откако бил продаден на Ал-Духаили за 15 милиони евра, а во понеделник би требало да потпише договор со Арапите.

Вчера Јувентус најде замена за Мартин Касерес, кој третпат се враќа во клубот, а не сакаа да го пуштат Бенатија во Арсенал затоа што „топчиите“ им бараа 20 милиони евра за Арон Ремзи, кој доаѓа како слободен фудбалер во јуни.

Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус имал и понуда од Манчестер јунајтед, која ја прифатил, но Бенатија не сакал да се пресели во Англија.

Бенатија не сакал да се согласи на плата од 3,7 милиони евра по сезона, па барал 4,5 милиони годишно.