Фудбалски клуб продал 18 играчи за да купи – 10 кози!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Турскиот фудбалски клуб Гулшпор, кој игра во регионалните лиги во нивната земја, продал 18 младински играчи за да собере пари за – 10 кози.

Како што пишуваат медиумите од Турција, клубот ги продал играчите за 2.500 долари, а ќе купи кози од кои заработката би можела да биде уште 830 долари во иднина и тоа само од продажба на млеко.

Претседателот на клубот, Кенан Бујуклеблеб, кажа дека потегот е направен поради лошата финансиска состојба во клубот.

„Ќе имаме повеќе приходи. Работиме во интерес на тимот и исто така помагаме во економскиот развој на државата“, кажа претседателот.