Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За разлика од останатите нови Премиерлигаши, Вулверхемтпон и Кардиф, се чини дека тимот на Фулам прави одлична работа во текот на овој летен преоден рок.
На „Кревин Котиџ“ досега пристигнаа неколку големи имиња како Андре Шурле, Александар Митровиќ и Жан Мишел Сери, а тренерот Славиша Јокановиќ сака уште да ја засили конкуренцијата во тимот.
„Скај Спортс“ дознава дека пред трансфер во Фулам е играчот на Арсенал, Калум Чејмберс кој пред десетина дена го продолжи договорот со „Топчиите“. 23 годишниот фудбалер би пристигнал во Фулам на едногодишна позајмица, без право на откуп на договорот следната сезона.