Фулам заинтересиран за француски репрезентативец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Фулам се заинтересирани во своите редови да го донесат играчот на Челси кој во моментов е на позајмица во Милан, Тему Бакајоко.

„Калчомеркато“ пренесува дека можна е интересна разврска во јануарскиот преоден рок во која Милан би го вратил Бакајоко на Челси, а потоа Французинот би се преселил во Фулам повторно како позајмен фудбалер.

Играчот од средниот ред како големо засилување пристигна во редовите на Челси во 2017 година од Монако, но воопшто не ја оправда довербата, а се мачи и во дресот на Милан каде има само два натпревари од првата минута во Серија А.