Фјури го зема својот противник од Албанија и го крена во воздух (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, конечно се враќа во рингот и тоа по две ипол години или поточно 924 дена пауза.

Фјури не се бореше од ноември 2015. година, кога го победи Владимир Кличко и ги презема појасите од ИБФ, ВБА и ВБО верзиите, а истите пораид допинг набрзо му беа одземани.

Сепак, дојде време Фјури да се врати во рингот, а тоа ќе го направи вечерва против Албанецот Сефер Сефери.

Во свој стил, Фјури не пропушти да направи спектакл ниту на вчерашното мерење, па го зема својот противник во раце и го крена во воздух.