Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во недела ќе се одржи најочекуваната боксерска борба во годината за ВБЦ појасот во Лос Анџелес помеѓу Деонтај Вајлдер и Тајсон Фјури.
Борците вчера се мереа, а за малку ќе беше предизвикана тепачка пред вистинската борба бидејќи Фјури постојано го провоцираше Вајлдер, па тргна и да се пресмета со него.
Вајлдер е сигурен во своја победа, а во такво нешто е сигурен и Фјури, кој имаше интересна изјава пред пресметката.
„Го истепав Кличко во Дизелдорф, а истото ќе го направам и со Вајлдер. Не сака да загубам. Нема многу пресметки. Одам да го откорнам срцето на Вајлдер и да се нахранам со него. Ако мисли дека може да ме нокаутира, ќе мора многу да се потруди“, порача Фјури.