Хабиб е вистински шампион: Не преговарам додека брат ми е во проблеми!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Хабиб Нурмагомедов нема намера да се бори во УФЦ додека претседателот на таа организација, Дена Вајт, не го реши проблемот со најавениот отказ за неговиот пријател Зубаир Тухугов.

„Длабоко во себеси знам дека тоа што го направив беше голема грешка. Никогаш не смеев да се однесувам така кон Конор и неговите борци, но учвам од грешките“, кажа Тухугов.

Иако Дена вчера објави дека ситуацијата со шампионот во лесна категорија е решена, Нурмагомедов е сериозен за целата ситуација и нема намера да се бори додека не се реши состојбата и на неговиот пријател.

„Многу сум сериозен за целата ситуација. Ако ме прашате за пари и плати, не гледам ништо погрешно во тоа добра личност да има пари. За мене тие не се најважни. Мене важна ми е честа. Знаев дека ме чека војна, но бев подготвен да одам до крај. Јас го кажав свеото. Додека не се реши проблемот со мојот колега јас нема да преговарам со УФЦ“, кажа Нурмагомедов.