Хамес Родригез повторно е среќен


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


 

Точно е тој е во Баерн Минхен само неколку дена, но насмевката повторно се врати на лицето на Хамес Родригез.

Колумбискиот интернационалец блескаше во својот прв натпревар за германскиот шампион и беше дел од двата гола кој ги постигна неговиот тим во победата од 2-0 над Вердер Бремен.

„Многу сум среќен и задоволен иако сум овде само неколку дена.“ – Изјави по натпреварот Родригез.

Тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти го откри и го доведе колумбиецот во Реал Мадрид и знаеше да го извади најдоброто од него, но откако него го наследи Зидан, за Родригез немаше место во составот на Реал Мадрид.