Хамес Родригез – Прва ѕвезда на кваликациите за Мундијал 2018


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ниеден играч не придонесе толку со игрите во својата репрезентација во досегашниот тек од квалификации за СП во Русика како “десетката“ на Колумбија.

Анализирајќи го индивидуалниот учинок на сите актери од квалификациите, „Опта“ вчера лансираше во етер многу интересен статистички податок.

Капитенот на Колумбија Хамес Родригрез е фудбалер кој најмногу директно учествува кај головите на својот национален тим од сите играчи кои досета зедоа учество во квалификациите за Мундијалот во Русија 2018 година.

Играчот за врска на Реал беше вмешан кај повеќе од половина голови на Колумбија во досегашниот тек од квалификациите за КОМНЕБОЛ зоната.

Колумбија досега постигнаа 11 погодоци, Хамес постигна три,  и истотолку намести на соиграчите.

После седум одиграни кола „Кафеџиите“ имаат 13 бодови, еден помалку од водечката Аргентина, и се наоѓаат на место кое води на СП.
Сепак, има уште доста да се игра, уште 11 кола…

Standings provided by Sofascore LiveScore