Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Во недела околу три часот наутро во рингот ќе се борат Деонтај Вајлдер и Тајсон Фјури во најисчекуваниот боксерски меч во годината.
Борците синоќа се мереа во центарот на Лос Анџелес, а прв пред публиката излезе Фјури, кој доби големи овации, додека Вајлдер стигна со посебна маска на лицето.
Секоја нивна средба се претворува во хаос, а прекинаа и три прес-конференции досега. До службениот дел од програмата беа забележани само навреди, кои борците си ги разменуваа.
Фјури синоќа повторно провоцираше и бараше пресметка, но Вајлдер не му посвети внимание на Британецот, по што Фјури се обиде да стигне до Вајлдер, но не му дозволија службените лица.