Хаос во Хајдук: Тројца соиграчи на Ивановски се исфрлени од екипата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата од Сплит се наоѓа пред тежок период. Најпрво беа елиминирани од Лигата на Европа, а потоа во првенството почнаа катастрофално, а денеска беа избркани и тројца играчи во Б-тимот.

Во Хајдук решија во резервниот состав да ги преселат Зоран Нижиќ, Марко Футаш и Хусеин Мемол, кои не се во добри односи со управата.

На нив им е забрането да ја користат соблекувалната на првата екипа и да бидат на стадионот за време на нивниот тренинг.

Тие тројца најверојатно во наредните денови ќе го напуштата „Пољуд“ и ќе си најдат нови клубови.

Екипата на нашиот интернационалец Мирко Ивановски по четири одиграни кола има освоено два бода.