Хаос на Максимир пред дуелот со Јуве, еден од најдобрите е отстранет од екипата?!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Младиот хрватски репрезентативец и еден од најголемите таленти се огласи на својот Фејсбук со емотивна порака.

    Анте Чориќ, еден до најгилемите хрватски таленти нема да се најде во составот на Динамо во дуелот со Јувентус што е големо изненадување во загребската јавност.

    Чориќ во летото беше дури и на мета на Ливерпул и бројни европски гиганти, но се одлучи да остане со цел да игра во Лигата на шампионит со својот Динамо.

    Сепак, тој судејќи по се нема да биде ни на клупата и тоа против најзвучниот противник во групата – италијанскиот  шампион Јувентус, иако сеуште нема ни официјална потврда ни информација за расплетот на ситуацијата.

    Ова е статусот на Анте Чориќ на 24 часа пред натпреварот:

    „Во животот сите сонуваме, тежнемее за соновите да ни се остварат. Мојот живот, мојот сон е фудбалот – на него го посветив секој дел од својот живот и така и ќе остане. Одрекување, работа, тренинг и труд се дел од секојдневието  кои ме прават среќен. Знам дека како јавна личност и професионалец сум можеби и пример за многу деца кои истотака сонуваат за еден ден да станат фудбалери, но нажалост до остварувањето на сонот е тежок пат“.

    „Жал ми е што утре нема да можам да истрчам пред полниот Максимир – момент кој го чекав откако дојдов во клубот, тешко е кога знаеш дека не си повикан на натпреварот, но за мојот Динамо и за момците до крај! На соиграчите утре им посакувам добар натпревар, за со срце да одиграат така како што знаат, а јас ќе го дочекам и тој ден за пред преполн Максимир да играм за својот Динамо“, напиша Анте Чориќ.