Харден го урна шампионот Голден Стејт, Сан Антонио го прегази Торонто (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Синоќа беа одиграни само три натпревари во НБА-лигата, но сепак највозбудлива беше меѓу Хјустон Рокетс и Голден Стејт Вориорс (135-134).

Џејмс Харден беше ѕвезда на вечерта, откако го урна актуелниот НБА-шампион по продолженијата, односно постигна 44 поени, 15 асистенции и 10 скокови. Кај Голден Стејт најдобар беше Стеф Кари со 35 поени, додекај Кевин Дурант и Клеј Томпсон постигнаа по 26.

Сан Антонио синоќа беше поуспешен на свој паркет од Торонто Репторс со 125-107. Враќањето на Кави Ленард не помина најдобро, зашто доби свирежи од трибините.

ЛаМаркус Алдриџ постигна 23 поени за домаќините во мечот, а Ленард на спротивната страна постигна 21 поен.

Во последниот меч, кој беше на програмата Денвер го победи Сакраменто со 117-113, а одлична вечер имаше Џамал Мареј, кој постигна 36 поени.