Харден не може сам ниту со трипл-дабл – Хјустон поразен од Мајами


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во минатата ноќ во НБА беа одиграни 5 натпревари.

Мајами го победи Хјустон со 109:103 со одличната игра на Горан Драгиќ. Словенечкиот кошаркар постигна 21 поен, 8 асистенции и 8 скокови. На другата страна Харден стигна до 13-от трипл-дабл со 40 поени, 12 скокови и 10 асистенции.

Торонто очекувано победи кај Бруклин со 119:109, а по обичај најдобар беше ДеМар ДеРозан со 36 поени, 11 скокови и 6 асистенции. Одличен беше и Кори Џозеф со 33 поени.

Останати резултати:

Сан Антонио – Минесота 122:114
Лејкерс – Денвер 121:127
Чикаго – Далас 98:99