Харден се запиша во историјата на НБА-лигата (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарот на Хјустон рокетс, Џејмс Харден стана првиот кошаркар во историјата на НБА-лигата, кој постигнал повеќе од 30 поени против сите 29 противници во истата сезона.

„Брадата“ во триумфот на Хјустон против Атланта (121-105) постигна 31 поен, а тимот од Тексас на Западот продолжи потера по второпласираниот Денвер.

Единствен кошаркар во историјата со повеќе до 30 поени против 28 или повеќе екипи е поранешната ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант. Тој во сезоната 2005/06 против 28 екипи постигна најмалку 30 поени.

Последниот кошаркар кој постигна повеќе од 30 поени во натпреварите против сите освен една екипа во сезоната беше Мајкл Џексон во сезоната 1986/87.

Легендарниот кошаркар на Чикаго булс играше против 22 различни противници, додека Харден играше против 29.

Харден сезонава просечно постигнува по 35,9 поени, 7,6 скокови и 6,4 асистенции.