Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот на Хјустон Рокетс беше двапати безмилосно елиминиран од Голден Стејт Вориорс во плејофот во последните три години, но Џејмс Харден смета дека двата тима се на “исто рамниште”.
Харден се чувствува самоуверен откако на неговиот тим му се приклучи Крис Пол летово, па така во интервју со USA Today го искажа мислењето за моќноста на тимовите во НБА лигата.
“Голден Стејт Вориорс беа во три последователни финалиња и освоија две од нив, но тоа е целта кон која се стремат сите тимови во лигата. Но ние сме веднаш до нив, рамо до рамо. Сметам дека двата тима се на исто рамниште. Знам дека имаме многу работа за да стигнеме до титулата, но кога има толку добри играчи околу мене уверен сум дека имаме доволно голема шанса.” – изјави Харден.
Составот на Рокетс ова лето се појача со Крис Пол, еден од најдобрите плејмејкери што ги видела НБА лигата, но веројатно нивната главна грижа е во тоа што тимот на Вориорс ги задржа сите играчи кои помогнаа да се освои последната титула.