Хендерсон го продолжи договорот со Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон го продолжи договорот со тимот и ќе остане на „Енфилд“ и во следните неколку години.

29 годишниот Хендерсон уште од 2011 година е во дресот на Ливерпул, а тука ќе остане и во следните пет години.

„Среќен сум што го потпишав новиот договор со кој ќе останам овде подолг период. Презадоволен сум. Како вчера да беше кога го потпишав првиот договор со Ливерпул, но од тогаш многу работи се случија“ –коментираше Хендерсон.