Хет-трик на Санчез и убедлива победа на топчиите – Вест Хем петардиран од Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал славеа со 1:5 против Вест Хем на гости во натпревар од четиринаесеттото коло од ПЛ.

Чех во 19-та минута му одбрани фантастично на Ланзини. Месут Озил на асистенција на Алексис Санчез неколку минути подоцна погоди за водство на Арсенал.

Волкот во второто полувреме два пати шутираше непрецизно. Санчез во 72-ра минута го зголеми водството на Арсенал. Санчез неколку минути подоцна го постигна вториот негов погодок на натпреварот.

Паје три минути подоцна ја погоди стативата, а Керол се најде на вистинско место по одбиена топка, 1:3.

Чемберлејн набрзина зголеми на 1:4, Санчез постигна хет-трик за конечни 1:5.

Арсенал во следното коло ќе го пречека Стоук на Емирати, а Вест Хем ќе гостува на Енфилд против Ливерпул.