Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Татјана Хмирова ќе биде во конкуренција за утрешното финале на ЛШ против Ѓер и покрај црвениот картон што го доби на средбата со ЧСМ Букурешт.
Судиите со доделувањето на црвениот картон на Хмирова веднаш и покажаа и син, и следуваше дополнителен извештај.
По разгледувањето на видео снимката и извештајот на судиите за ситуацијата, ЕХФ реши нема да покрене никаква дополнителна дисциплинска постапка против играчот на Вардар.
Хмирова ќе биде во конкуренција за составот за натпреварот со Ѓер што е закажан за 17,45 часот.