Ховедес пристигна на медицински прегледи во Торино


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


 

 

Бенедикт Ховедес, официјлано пристигна на медицински прегледи во Торино, ако се оди според планот играчот на Шалке за 12 милиони евра до вечер ќе постане нов играч на Јувентус.

Скај Спорт Италија, ја пренесе веста дека Јувентус се договорил со германскиот тим на Шалке за оштетата на играчот, а ако ги помине медицинските прегледи, тој ќе биде претставен и како нов играч на Јувентус.

29-годиниот играч, може да игра на сите позиции во одбраната, а тој во Торино пристигна како замена за Квадво Асамоа кој го напушти Јуве и му се приклучи на Галатасарај.