Холандија изненадувачки лесно ја совлада Португалија


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Репрезентацијата на Холандија славеше неочекувано лесна и убедлива победа (3:0) против Португалија во пријателскиот натпревар одигран во Женева.

Роналд Куман ја забележа првата победа како селектор на „лалињата“ по поразот од Англија во неговиот деби натпревар пред три дена.

Холанѓаните работата ја решија уште по првите 45 минути кога мрежата на Лопес ја тресеа Мемфис Депај, Рајан Бабел и Вирџил Ван Дијк.

Португалците до крајот на натпреварот не успеаја да се опорават од шокот од првиот дел, а згора на тоа останаа и со играч помалку по исклучувањето на Жоао Кансело.