Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, постигна голем успех со репрезентацијата на Мундијалот во Русија.
По освојувањето на второто место, се појави огромен интерес за хрватскиот стратег, но тој ги одби сите понуди.
Според најновите информации од Азија, Далиќ сега е голема желба на непознат кински прволигаш.
Кинезите се подготвени да му понудат тригодишен договор и плата од осум милиони евра годишно, односно со бонуси би можел да заработи до 30 милиони евра.
Доколку ја прифати оваа понуда, Далиќ ќе го помине Ковач според плата и ќе стане најплатениот хрватски тренер.