Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вечерва беа одиграни 10 натпревари од првото коло од квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи во 2020 година.
Програмата беше отворена со сензационалната победа на Казакстан над Шкотска со 3:0, а нешто подоцна Кипар ја оправда улогата фаворит славејќи против Сан Марино со 5:0.
Во истата група И, екипата на Белгија славеше против Русија со 3:1. Во Брисел видовме одлично прво полувреме во кое паднаа три погодоци. Тилеманс го отвори резултатот во 15. минута, една минута подоцна израмни Черишев, а Азар од пенал погоди за повторно враќање на водството на Белгија. Играчот на Челси погоди и во 88. минута со што го постави конечниот резултат.
Интересно беше на „Максимир“ каде Хрватска со судни маки успеа да стигне до минимална победа против Азербејџан, 2:1. Гостите први стигнаа до водство преку Шејдаев, но „коцкестите“ се вратија до крајот на првиот дел, а стрелец на голот беше Борна Баришиќ. На 11 минути до крајот на натпреварот, Андреј Крамариќ погоди за конечни 2:1.
Холандија со 4:0 славеше против Белорусија, додека Северна Ирска со 2:0 ја совлада Естонија.
Пјонтек донесе победа за Полска на тешкото гостување во Австрија, па сега Полјаците заедно со нас се лидери на табелата по првото коло. Израел и Словенија ги поделија бодовите играјќи 1:1.