Хрватска славеше против Чешка и го освои петтото место на ЕП


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Репрезентацијата на Хрватска во натпреварот за 5. место ја совлада Чешка со 28:27.

Арената во загреб беше речиси празна по огромното разочарување што домаќините не се во најдобрите четири на овој турнир.

Хрватите беа убедливи во првиот дел и на полувреме заминаа со шест поени предност (16:10).

Чесите нешто слично како и против нас се разбудија во последните десетина минути кога успеаја сериозно да ја намалат предноста на Хрватите, но до крајот немаа сили да стигнат и до израмнување и евентуални продолженија.

Златко Хорват беше најпрецизен во редовите на Хрватска со 10 погодоци, додека Здрахала беше најдобар поединец во Чешка со 13 постигнати голови.