Хрватска ја преслуша Аргентина и ја оддалечи од осминафиналето


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентацијата на Хрватска на стадионот во Новогород ја декласираше Аргентина со 3:0 и со тоа се пласираше во осминафиналето од Светското првенство.

Избраниците на Хорхе Сампаоли на чело со Лео Меси уште еднаш одиграа лош натпревар и со право се пред елиминација од Мундијалот.

Хрватска дојде до водство во 54. минута со голот на Анте Ребиќ кој ја искористи катастрофалната грешка на Вили Кабаљеро и со прекрасен удар погоди за 1:0.

На вториот гол се чекаше до 81. минута кога Лука Модриќ со фантастичен удар по втор пат го совлада Кабаљеро. Конечните 3:0 ги постави Иван Ракитиќ во 90. минута.