Хрватски напад во Милан: Дали наскоро стигнуваат големи засилувања?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    За едниот не се знае колку е цената, а другиот сака да си го откупи договорот за да дојде во Милан.

    Ветувачкиот почеток на сезоната конечно даде оптимизам на „Сан Сиро“ по 3 години за заборавање.

    Може ли младиот тим на Монтела да го врати Милан во врвот на италијанскиот фудбал и во ЛШ? Ако продолжат вака-сигурно дека може. Но прашањето е дали Милан ќе успее да го задржи овој ритам со тимот кој нема доволно искуство и веќе покажува слаби точки.

    За да се случи тоа, на Монтела му се потребни засилувања. Уште во јануари. Идеално сценарио би било донесувањето на стоперот Мусаки од Виљареал, Фабрегас од Челси и уште еден напаѓач како Паволети или Заза.

    Медиумите во Италија зборуваат дека на Милан приоритет му се два хрватски фудбалери, Марио Пашалиќ и Милан Бадељ.

    Пашалиќ е веќе член на Милан, бидејќи летово дојде на позајмица од Челси. По периодот на адаптација доби шанса во последните неколку натпревари и остави добар впечаток. Во Милан сега сакаат да го откупат. Позајмицата на Пашалиќ ги чинеше 800.000 евра. Ако Милан се пласира во ЛЕ, Челси ќе добие дополнително 100.000 евра, а ако дојдат до ЛШ, Челси ќе добие дополнително 200.000 евра. Но проблемот е тоа што Конте летово инсистираше Пашалиќ да оди на позајмица, но со услов Милан да нема право да го откупи неговиот договор.

    Челси не сака сега да разговара за продажба, а на Милан му се брза. Времето работи за Челси бидејќи ако Пашалиќ има голема минутажа и продолжи да напредува и цената ќе му биде поголема. Конте инсистира разговорите да се направат пред крајот на сезоната, а Милан сака веднаш да ја чуе цената. Летово Челси одби 15 милиони евра од Монако за него, па Милан може да претпоставува што следува.

    Покрај откупот на овој играч, Милан веќе долго време сака да го донесе и Милан Бадељ од Фиорентина. Монтела го тренираше во Фиренца, го сакаше и летово, а сега инсистира на негово доаѓање во јануари со оглед на тешката повреда на Монтоливо. А Хрватот е загреан да дојде во Милан, па ќе оди до таму што дури и би си го откупил договорот за да премине во тимот.

    „Милан е нашиот прв избор. Ќе видиме што ќе се случи по доаѓањето на новите сопственици и дали Бадељ и понатаму ќе биде прв избор. Ако не биде, тогаш ќе гледаме други решенија.“

    Покрај Милан, за Бадељ се заинтересирани Рома, Шалке и Менхенгладбах. Но играчот сака повторно да игра кај Монтела и подготвен е да си го откупи договорот.