Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германскиот возач Хулкенберг на крајот на сезоната од Форс Индија ќе премине во Рено, со кој потпиша повеќегодишен договор.
Хулкенберг во септември минатата година потпиша договор со Форс Индија до крајот на наредната година, но желбата на Рено да биде прв возач беше пресудна.
29-годишниот Германец помина 5 сезони во индискиот тим – прв пат беше во 2011 и 2012 година, а втор пат од 2014 до денес додека во меѓупериодот возеше за Заубер.
Хулкенберг моментално е на 9-то место во генералниот пласман со 54 бодови, 26 помалку од својот тимски колега Перез.
„Среќен сум што ќе преминам во Рено наредната година. Рено секогаш биле голем играч и за нив ме врзуваат убави спомени.“