Хјустон продолжи со победите: Лејкерс продолжи со поразите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Десет натпревари во НБА лигата беа одиграни минатата вечер, а тимот на Хјустон стигна до нова победа.

Хјустон со 132:98 беше подобар од Сакраменто, па така стигна до 8-та победа по ред. Само 30 минути му беа потребни на Харден да стигне до трипл-дабл. Тој постигна 15 поени, 14 асистенции и 11 скокови.

Лејкерс продолжија  со поразите и стигнаа до 8 порази во низа. Тие беа поразени од Бруклин со 107:97.

Кливленд изгуби од Мемфис со 93:85, но тие играа беа Џејмс, Лав и Ирвинг во натпреварот.

Останати резултати:

Мајами – Индијана 95:89
Орландо – Клиперс 108:113
Филаделфија – Торонто 114:123
Вашингтон – Шарлот 109:106
Бруклин – Лејкерс 107:97
Хјустон – Сакраменто 132:98
Мемфис – Кливленд 93:85
Далас – Детроит 85:95
Јута – Оклахома 109:89
Сан Антонио – Бостон 108:101

https://youtu.be/Wgsp3bh1Bp4