Хјустон Рокетс ја подмладува екипата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тимот на Хјустон Рокетс постигна договор за двегодишна соработка со досегашниот слободен агент, Деметриус Џексон.

 

Младиот плејмејкер беше 45-ти пик на ланскиот драфт и сезоната ја почна како играч на Бостон Селтикс. Набрзо тој испадна од ротацијата и беше испратен во развојната лига за да добие минутажа и да собере искуство.

На почетокот на овој месец неговиот договор со Селтикс истече и тој беше слободен да си бара нов клуб. Рокетс побрзаа и го потпишаа овој 22-годишник за да ја зацврстат својата ротација. Се очекува тој да биде испратен назад во Г-лигата (развојната лига) за да ја одржува својата натпреварувачка форма.

 

Излегувајќи од колеџ, Џексон беше еден од најинтересните таленти во драфтот. Но, ротацијата во Бостон беше сурова према него и големиот број на играчи на неговата позиција беа доволна причина за тој да биде истиснат надвор од тимот.

Деметриус Џексон беше еден од најдобрите играчи откако се пресели во развојната лига каде имаше просек од 15 поени, 6 скока и 6 асистенции.