Цеск призна после 13 години: Го погодив Сер Алекс со пица


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Челси, Цеск Фабрегас после 13 години призна како го погодил со пица легендардниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон.

Оваа интересна ситуација се случила во 2004 година додека шпанскиот фудбалер го носеше дреост на Арсенал, а се играл натпревар против големиот ривал Манчестер Јунајтед.

„Слушнав врева и излегов да видам што се случува. Во раката држев парче пица и го видов Сол Кемпбел, Рио Фердинанд и Мартин Кион како се рапсраваат. Сакав да влетам во расправата, но не знаев како, а потоа го фрлив парчето пица кон нив. Некого погодив, не знаев кој, но потоа сфатив дека тоа е Сер Алекс. Се извинив во истиот момент и дефинитивно немав намера да го направам тоа“, изјавил Фабрегас.

За овој инцидент Сер Алекс имаше напишано и во својата автобиографија.