Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа победа на „Олд Трафорд“ со 2:1 во последниот денешен натпревар од Премиер Лигата.
Манчестер Јунајтед беше подобар противник во целиот натпревар, но на крајот мораше да ја бранат предноста од еден гол. Сепак, на крајот се радуваа на трите бода кои ќе им донесат скок од две позиции на табелата во Премиер Лигата.
Пол Погба го отвори резултатот во 27. минута. Французинот најпрво не успеа да реализира удар од белата точка,но имаше среќа и топката му се врати во нозете па ја затресе мрежата на Пикфорд.
Вториот гол за Јунајтед го постигна Ентони Марсијал во третата минута од второто полувреме. Крилниот фудбалер одлично ја пласираше топката и донесе ерупција на „Олд Трафорд“.
Шансите за Евертон ги врати Сигурдсон во 77. минута, но „Карамелите“ до крајот не успеаја да постигнат уште еден гол во мрежата на Де Геа.















