Црна сабота во Англија: Почина навивач, откако му се слоши среде натпревар!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Еден постар навивач на Брајтон пристигна да го гледа дуелот против Вулверехемптон по што му се слошило, па бил пренесен во болница.

По вестите дека се урнал хеликоптерот со сопственикот на Лестер, пристигна уште една многу трагична вест од Островот.

Брајтон објави дека на натпреварот починал еден навивач, кој пристигнал да го гледа дуелот со својот син.

На него му се слошило, а докторите не успеале да му помогнат, па откако бил пренесен во болница му била констатирана смрт.

Клубот испрати сочуство до семејството на починатиот, но вчерашниот ден нема никогаш да го заборават Англичаните.