ЦСКА се согласи: Најголемата руска ѕвезда сама ќе бира помеѓу Челси и Монако!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Александер Головин е една од најубавите приказни летово. Иако се согласи веднаш на понудата на Јувентус уште пред Мундијалот, италијанскиот шампион не можеше да се договори со ЦСКА Москва, која бара 25 милиони евра.

Сега цената на Головин е многу повисока, па преминувањето во Челси поради Роман Абрамович би требало да е само формалност.

Но, во меѓувреме се појави Монако, кој е подготвен да испрати иста понуда со таа на Абрамович, а ЦСКА нема ништо против тоа.

Мајката на младиот играч верува дека Монако е подобро решение бидејќи таму подобро би се прилагодил и би добил повеќе простор за игра.