Чапекоенсе на 11-ти декември ќе игра натпревар од првенството!


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Чапекоенсе на 11 декември ќе игра против Атлетико минеиро. Станува збор за натпревар од последното коло од бразилското првенство.

    Тоа го откри претседателот на клубот, Иван Тозо кој го замолил претседателот на ФС на Бразил, Марко Поло Дел Неро.

    „Разговарав со Дел Неро и му реков дека натпреварот против Атлетико Минеиро ќе биде големо случување. Му одговорив дека немаме доволно играчи да играме. Но, тој ми кажа дека имаме јуниори, а и ќе се вратат повредените.“

    „Не е важен резултатот. Ќе имаме натпревар кој го заслужуваме, кој Чапес го заслужува, кој Бразил го заслужува.“

    Така на 11-ти декември Чапекоенсе на најдобар можен начин ќе им одаде почит на несреќно загинатите во големата трагедија во Колумбија.