Челси веднаш по Сари потврди ангажман на нов фудбалер


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Од таборот на Челси веднаш откако го потврдија Маурисио Сари како нов предводник на клубот, објавија дека постигнале договор и со Жоржињо.

Играчот од средниот ред кој беше мета на Манчестер Сити на „Стемфорд Бриџ“ ќе остане во наредните пет години, а во новиот клуб ќе го носи дресот со број 5.

„Возбуден сум што сум во Челси. Не е лесно да се стане дел од вака голем тим. Јас сум многу среќен поради тоа“- коментираше италијанскиот репрезентативец.